11.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Сестрата на ѕвезда на Манчестер јунајтед влезе во финалето на Мис Англија

Полусестрата на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, Тамара, се пласираше во финалето на конкурсот за Мис на Англија. За престижната круна ќе се борат 55 девојки, кои беа избрани во конкуренција на дури 20 илјади кандидатки.

Тамара има 22 години и таа и фудбалерот имаат ист татко, Роберт Рашфорд, но различни мајки. Финалето на Мис Англија е на 1 август во Њукасл. Доколку победи, убавата Тамара најави дека ќе помага во добротворни организации и во борбата против ракот, тешката болест од која пред три години почина нејзиниот дедо.

 

- Оглас -

Најнови вести