Сестрите на Кристијано Роналдо ги објаснија солзите на својот брат: „Не е се во парите и славата“

Кристијано Роналдо за малку можеше да биде трагичар на Португалија откако во 113-тата минута голманот на Словенија, Јан Облак, му го одбрани ударот од 11 метри, а само две минути подоцна, Бенјамин Шешко ја имаше шансата на мечот, но португалскиот голман беше поуспешен.

Целиот свет можеше да ги види солзите на Кристијано Роналдо по промашениот пенал, а неговите сестри Елма и Катиа Авеиро се обидоа да го објаснат моментот.

„Тоа беше во моментот кога ја виде нашата мајка на големиот екран на стадионот. Знаете ли што значи тоа? Не знаат тие … Никој никогаш не може тоа да го сфати … Фудбалот не се само парите и славата“, рекоа сестрите на Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести