Сестрите Вилијамс по 21 година ќе се соочат во Рим

Сестрите Вилијамс, Венус и Серена, последен пат на земја се соочија во 2002 година на Ролан Гарос, додека во Рим немаат играно една против друга од 1998 година, кога во рамките од четврфиналето на победа се радуваше Венус.

Дури малку повеќе од две децении подоцна, сестрите Вилијамс ќе ги одмерат силите во второто коло на ВТА-турнирот во Рим. Пред да се закаже оваа средба, Венус мина тежок пат совладувајќи ја Елис Мертенс по три сета и повеќе од три часа игра. Серена, пак, во првото коло беше подобра од Ребека Петерсон со 2-0.

Во текот на прес-конференцијата во пресрет на нивниот дуел, новинарите ги потсетија дека пред 21 година за последен пат биле противнички на овој турнир.

„Низ магла се сеќавам на тој дуел. Многупати во текот на нашите кариери сме се соочувале, но ми се чини дека во последно време сè почесто се среќаваме во раните фази од турнирите“, истакна Серена.

Ова ќе биде 31-ви дуел меѓу Серена и Венус. Серена има 18 победи, 12 се на Венус. Што се однесува за успехот на турнирот во Рим, Серена во четири наврати ја освојувала титулата, Венус само еднаш.

Дуелот е закажан за утре, со почеток во 11 часот.

- Оглас -

Најнови вести