Бугарскиот тенисер Григор Димитров е познат колку по своите тениски перформанси толку и по љубовниот живот и неговите врски со познати девојки.
Гришо е популарен кај припадничките на понежниот пол, а за него преку социјалните мрежи се „скараа“ сестрите Венус и Серена Вилијамс.
Кај објавата на Дииитров во која им благодари на фановите за поддршката, му коментираше Венус Вилијамс, која му напиша: „Јас сум твој најголем фан, поголем од Серена“.
На ова Димитров одговори: „Ајјј, ајјј, што ќе каже сега Серена?!
Се разбира, се вмеша и помладата сестра Серена, која му напиша дека го сака.
Во минатото имаше шпекулации дека Димитров и Серена се во љубовна врска, а и коментарот до Венус што ќе каже нејзината сестра некои го толкуваат како негово давање предност на Серена, иако очигледно е дека двете му се пријателки.