Сетјен има мака – Треба да го спушти на земја Сарабија и да ја „крене“ ѕвездата Меси

Лионел Меси бурно реагирал на премногу темпераментниот настап на Едер Сарабија, кој е помошник на Кике Сетјен, а Барселона има нов проблем и сè повеќе се размавнува со агрсевниот однос на помошникот-тренер.

Меси по поразот од Реал Мадрид на првиот тренинг побарал од Сарабија да не вика по него и неговите соиграчи, а побарал од Сетјен да разговара со својот помошник-тренер.

Играчите на Барселона се жалат на грубиот однос на Сарабија, кој работи заедно во пакет со Сетјен во последните пет години.

Помошникот-тренер е фатен со камерите и фотообјективите на Ел Класико како бурно го коментира односот на играчите на теренот и нивните грешки и утки, и тоа со многу навредливи зборови.

Велат дека неговиот темперамент им пречи на сите фудбалери на Барселона, па сега Кике Сетјен си има проблем како да го спушти на земја својот помошник, но и да ја мотивира првата ѕвезда во тимот, Лионел Меси, драстично да ја крене формата.

- Оглас -

Најнови вести