Нема веќе одмор за Лионел Меси и Жарарт Пике на куп-мечевите. Тренерот на Барселона и нив ги вметна на листата на кандидати за настап на вечерашниот дуел со Леганес од осминафиналето на Кралскиот куп на Шпанија. Меси, Пике и Серхио Бускетс не играа на гостувањето кај Ибица, но тимот таму не доминираше како што планираа, па сега сакаат да избегнат непријатности.
Не е познато дали Меси ќе игра од првата минута или ќе чека шанса од клупата во случај на негативен резултат, но по низата неубедливи изданија, тренерот Кике Сетјен ако треба ќе го стави Аргентинецот, со што тој би дебитирал сезонава во Купот.
Каталонците играат дома со Леганес, нема реванш, а на листата на играчи за вечерва ги нема само Луис Суарес, Усман Дембеле, Муса Ваг и голманот Нето. На листата е и Иван Ракитиќ, за кого има многу шпекулации дека Барса сака да го продаде.