Сетјен отвори нови дилеми: Не знам дали ќе ја водам Барселона во Лигата на шампиони

Барселона не само што синоќа ја загуби титулата во Примера дивисион туку и доживеа нокаут и на свој терен загуби од Осасуна со 1:2. По тој пораз, Лионел Меси разочаран реши гласно да испрати критики до многумина, најавувајќи дека ако нешто не се смени во Барселона, нема да биде изненадување и ако Каталоците бидат елиминирани во Лигата на шампиони од Наполи.

По Меси, со своја реакција се јави и тренерот на Барселона, Кике Сетјен, кој најави дека е можно да си замине од клупата на крајот од сезоната.

„Се чувствуваме разочарани и гневни. Овој пораз од Осасуна е незаслужен. Во борбата за титулата загубивме важни бодови и не успеавме да го следиме Реал Мадрид. Не очекував дека тие ќе победат на сите мечеви по враќање на сезоната, но се случи токму тоа. Се надевам дека ќе продолжам да го водат тимот и во Лигата на шампионите, но не знам што ќе се случи. Се согласувам со дел од работите што Меси ги кажа. Треба да бидеме повеќе самокритични. Сите заедно треба постојано да се подобруваме. Во моментов сме разочарани затоа што ја загубивме титулата, но тоа треба да ни биде допонителен мотив да бидеме многу посилни во Лигата на шампиони“, вели Сетјен.

 

- Оглас -

Најнови вести