Северина го спаси Партизан: “Црно-белите“ со пресврт го победија Раднички (Видео)

Фудбалерите на Партизан забележаа пресврт-победа над Раднички од Ниш со два погодоци во самиот финиш на мечот.

Резултатот го отвори Сава Петров со прекрасен погодок во 13-тата минута.

Овој резултат беше на сила се до 79-тата минута, кога израелецот Бибрас Начо го израмни резултатот од пенал.

Моментот на одлука се случи во 86-тата минута кога Ксандер Северина со гол од слободен удар ги постави конечните 2-1 за Партизан на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести