Северна Ирска против Холандија се надева на чудо кои не го направила дури 55 години

Холандија е најголемото разочарување во изминативе неколку години, бидејќи Лалињата не успеаа да се пласираат на ЕП 2016 и на СП 2018, а пред само пет години на Мундијалот во Бразил освоија бронзен медал и завршија како третопласирани на планетарниот собир.

Сега Холандија има шанса да докаже дека повторно заслужува да биде дел од најдобрите. Гостуваат кај Северна Ирска на меч против директен ривал за едно од првите две места. Малку чудно делува дека Холандија како конкурент ја има Северна Ирска, но токму оваа селекција покажа дека не случајно досега освоила 12 бодови (три помалку од Холандија).

„За секој игра е сон да игра на големо натпреварување со репрезентацијата. Ние ги пропуштивме последните две големи собири и многу бевме разочарани поради тоа, но сега очекуваме да бидеме дел од завршницата. Сакаме уште во Белфаст да обезбедиме сигурен пласман на ЕП 2020 и ќе направиме сè што треба, нашиот сон да се исполни“, вели дефанзивецот на Холандија, Вирџил ван Дајк.

Пред само еден месец, на дуелот во Ротердам, Северна Ирска поведе со гол во 75 минута и се чинеше дека Лалињата повторно ќе овенат. Сепак, со неверојатна игра во последните 10 минут Холандија даде три гола и стигна до победа.

Вечерва во Белфаст сигурно ќе има нова голема битка. Традицијата е на страна на некогашниот европски првак. Во досегашните седум меѓусебни средби, Холандија има четири победи, два меча завршиле нерешено, а Северна Ирска има само една победа и тоа во април 1965 година со 2:1. Тоа значи дека домаќините вечерва ќе се надеваат на повторување на чудото од пред повеќе од половина век.

 

- Оглас -

Најнови вести