30.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Северна Кореја му се враќа на спортот по четиригодишна пауза

Спортските национални тимови на Северна Кореја наскоро се враќаат на меѓународната сцена по пауза од речиси четири години.

Последниот официјален меч на фудбалската репрезентација на Северна Кореја беше во ноември 2019 година, против Либан во квалификациите за СП во Катар. Потоа државата поради пандемијата од корона-вирусот си ги затвори границите и се откажа од сите натпреварувања, ги пропуштија Олимписките игри во Токио и Пекинг.

Сега Северна Кореја потврди учество на Азиските игри во Хангжу, ќе имаат свои претставници во фудбал, одбојка и џудо.

Следниот важен меч на фудбалската репрезентација на Северна Кореја ќе биде во ноември против Сирија, во втората фаза од квалификациите за СП 2026. Во група со нив е и Јапонија, но првите две одат во третата фаза, па Севернокорејците имаат прилика да продолжат понатаму.

- Оглас -

Најнови вести