Севиља е фаворит број 1 за викендов, играчите на Спортската прогноза се неодлучни на три натпревари

Играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе ги имаат своите фаворити за претстојниот викенд, но се и неодлучни за дел од понудените дуели.

Според типувачите, најголемиот фаворит за викенд-натпреварите е Севиља, која на домашен терен го пречекува Алавес. Дури 88% од играчите очекуваат победа на екипата од Андалузија, 10% типуваат на реми, а во гостинска победа веруваат само 2%.

Победи се очекуваат и од двете милански екипи, Интер и Милан, како и од премиерлигашите Челзи и Кристал палас. Голема неодлучност има за три меча, по еден од Ла Лига, Премиер лигата и Лига 1. Речиси израмнети проценти има за натпреварите Рајо Ваљекано – Валенсија, Астон вила – Њукасл и за Брест – Ленс.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести