Севиља е главна во градот по триумфот над Бетис

Севиља оствари голема победа (1-0) во градското дерби против Бетис и се искачи на 12-та позиција на табелата во Ла Лига. Овој дуел секогаш е посебен и за двата тима, а за Севиља може да значи чекор напред кон стабилизирање и вовед во подобра сезона.

Доди Лукебакио беше стрелец на победничкиот гол за Севиља. Тој во 50-тата минута успеа да реализира пенал.

Севиља во финишот остана со фудбалер помалку откако беше исклучен Нианзу во 90-та минута.

- Оглас -

Најнови вести