Севиља е во големи проблеми, сите играчи се на продажба!

Екипата на Севиља се соочува со големи финансиски проблеми, откако раководството на клубот откри дека клубот е во загуба од 90 милиони евра.

Излез од кризата се гледа само преку продажба на дел од играчите, а во моментов сите фудбалери на клубот од Андалузија се на продажба и се очекуваат понуди од другите екипи за нив.

Според Трансфермаркет, моменталната вредност на сите фудбалери на Севиља заедно е околу 200 милиони евра, што значи дека ќе треба да бидат продадени многу играчи.

Најголема проценета вредност има мароканецот Јусуф Ен-Несири, кој вреди 20 милиони евра. По 12 милиони евра вредат Окампос, Боно и Монтиел, додека по 10 милиони евра вредност имаат Акуња и Мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести