28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Севиља гостува кај докажан „пациент“, во Премиер лигата традицијата го „открива“ точниот резултат

1005 Вулверхемптон – Њукасл (18:30 ч.)

Дуел на две екипи кои имаат интересна историја. Во последните 10 средби во Премиер лигата на овие два клуба, двата тима се радувале на по две победи, а дури шест пати било нерешено.

Тоа што е интересно е дека сите тие шест нерешени дуели се завршени со резултат 1:1. Од тие 10 меча на дури девет имало од 2-3 гола.

Предлог тип: Точен резултат 1:1 (7.50)

 

1807 Лајпциг – Келн (18:30 ч.)

Според актуелната состојба на табелата и формата на двата тима, јасно е дека домаќинот е голем фаворит. Келн има само четири бода од осум кола и е на претпоследното место на табелата. Сепак, традицијата е таа која дава надеж за Келн, затоа што Лајпциг има само една победа во последните шест меча со овој ривал.

Лајпциг е тим кој игра отворен фудбал со погодоци, па едноставно може да се очекуваат голови во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

3707 Јувентус – Ворона (20:45 ч.)

Јувентус е голем фаворит за победа против тимот кој на последните три меча го победуваше без да прими гол. Старата дама и сезонава има одлична одбрана, додека Верона е со слаб напад и само шест дадени гола во девет кола, па едноставно може да се очекува триумф на домаќините без примен гол.

Предлог тип: 1-1 (2.06)

 

1305 Кадис – Севиља (21 ч.)

Двете екипи имаат освоено по девет бода во досегашниот дел од првенството. Со само осум дадени гола Кадис го има вториот најслаб напад во лигата, додека Севиља е препознатлива по својата отворена игра, но кога игра на гости игра попретпазливо.

Традицијата вели дека Севиља е апсолутен фаворит затоа што има 11 победи во последните 12 меѓусебни дуели. На петте последни меча нема повеќе од два гола.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.25)

 

1538 Бенфика – Каса Пиа (19 ч.)

Со седум победи во осум кола, Бенфика покажува дека ќе атакува на титулата во Португалија. Каса Пиа е тим на чии средби сезонава се постигнуваат најмалку погодоци (имаат седум дадени и седум примени гола во осум кола).

Каса Пиа минатата сезона прв пат заигра во елитното друштво и два пати загуби од Бенфика, па реално тешко може да очекуваат да останат непоразени вечерва.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести