20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Севиља и Реал Мадрид нема да ја прекинат традицијата, Наполи треба да се врати на победите

3001 Верона – Наполи (15.0 ч.)

Наполи иако денеска ќе игра без главниот напаѓач Виктор Осимен кој е повреден, е голем фаворит да ги освои бодови на гостувањето кај Верона. На шампионот добро му дојде репрезентативната пауза бидејќи пред своите гледачи загуби на последните два меча, од Фиорентина во Серија А (1:2) и од Реал Мадрид во ЛШ (1:3) и денеска нема друга опција освен победа. Верона шест меча во Серија А не знае за победа, забележа четири порази и две ремија, а нејзините навивачи не ги паметат по добро последните две гостувања на Наполи бидејќи шампионот двапати славепе (2:5 и 1:2).

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.15)

 

3002 Торино – Интер (18.00 часот)

Интер со ремито против Болоња (2:2) во последното коло, ја загуби лидерската позиција на табелата и денеска нема друга опција освен победа против Торино кој во последното коло загуби од Јувентус со 2:0. Торино се наоѓа во серија од четири меча без триумф во Серија А. На последните четири гостувања кај Торино, Нераѕурите славеа трипати и еднаш одиграа нерешено, а интересно е што ниту на еден од овие мечеви немало повеќе од три гола.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.35)

 

1702 ПСЖ – Стразбур (17.00 ч.)

ПСЖ игра далеку под очекувањата сезонава, но во последно време Светците полека фаќаат залет кон врвот во Лига 1. Иако доживеаја дебакл од Њукасл во ЛШ (4:1) пред дваесетина дена, Светците во следниот меч се рехабилитираа со победа над Рен од 3:1 и тоа како гости и дојдоа на само два бода од лидерот на табелата, Монако. Стразбур доживеа пораз на последните два меча во Лига 1 и се наоѓа во долниот дел од табелата. Во последните десет меѓусебни меча кои се играле на „Паркот на принцовите“, ПСЖ има скор од девет победи и едно реми.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.02)

 

1005 Њукасл – Кристал палас (16.00 ч.)

Њукасл во последните четири меча во Премиер лигата оствари три победи и едно реми, додека Кристал палас има по една победа и пораз и две ремија. Чавките се големи фаворити за триумф и според формата во која играат за очекување е да ја прекинат традицијата од последните неколку меѓусебни дуели. На последните 15 меѓусебни дуели, само на еден натпревар биле постигнати повеќе од три гола, но одличната форма на Њукасл е најава за ефикасен натпревар.

Предлог тип: 1 & 1+ & 1+ II (2.35)

 

1304 Севиља – Реал М. (18.30 ч.)

Ова е дерби на десеттото коло во Ла Лига иако Севиља се наоѓа во долниот дел од табелата и веќе го смени тренерот со кој минатата сезона триумфира во Лигата на Европа. Кралевите се лидери на табелата и се наоѓаат во серија од три победи по ред, а денеска играат против тимот кој го совладаа на последните четири меча. Последните пет меѓусебни дуели завршиле ГГ3+ и за очекување е и денеска да се тресат мрежите на двата тима.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.88)

- Оглас -

Најнови вести