20.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Севиља со важен триумф на гости кај Жирона

Севиља стигна до осмата победа во Ла Лига оваа сезона со која полека се приклучува кон горниот дел од табелата со 26 бода. Тимот од Андалузија славеше на гости против Жирона со 1-2. Бојан Миовски не е во составот на Жирона поради повреда.

Ромеро во третата минута не искористи пенал за Севиља, а во 36-та минута Жирона дојде до предност. Стрелец на голот беше Арнау Мартинез.

Сепак, Саул Нигез израмни во 59-та минута, а триумфот го донесе Доди Лукебакио со погодокот во 88-та минута од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести