Бетис и Севиља ремизираа 2-2 во градското дерби од 26-тото коло од Ла Лига.
Мечот започна спектакуларно. По брз продор на Ез Абде и ударот на Кучо Ернандес, Антони со мајсторски ножички донесе водство за домаќините од 1-0. Следуваше уште еден спектакуларен погодок, кога Абде одлично го пронајде Алваро Фидалго, кој со удар со надворешна страна на ногата ја затресе мрежата на Влаходимос за 2-0.
Севиља се врати во игра во второто полувреме. Во 62-та минута, Алексис Санчес реализираше со глава по центаршутот на Оса, додека во 85-та минута, Исак Ромеро испрати моќен удар од работ на казнениот простор за конечни 2-2.
Домаќините беа под голем притисок, фановите фрлаа предмети кон играчите на Севиља, а судијата Рикардо де Бургос мораше да интервенира. Ез Абде исто така погоди статива со уште еден свој продор, додека Акор Адамс имаше шанси, но конечниот резултат 2-2 најдобро ја отсликува драмата на дербито.

