Севилја има многу причини за славје. По 10 години чекање, Севилја стигна до победа над Барселона и тоа со 4:1 и тоа во меч од осмото коло во Примера дивисион. За Барселона ова е прв пораз сезонава, а Севилја прв пат сезонава се израдува на триумф на свој терен.
Ревијата погодоци започна уште во деветата минута кога беше досуден пенал за Севилја, а сигурен реализатор беше Алекси Санчез. Играчот кој неколку години играше за Барселона и освои многу трофеи, се израдува на овој погодок кој беше најава за победа на Севилја.
Севилја стигна и до 2:0 со погодокот на Исак Ромеро во 36 минута кој искористи еден одлично изведен контра напад.
До крајот на првото полувреме Барселона намали на 1:2. По асистејција на Родри, одличен гол постигна Рашфорд.
Во вториот дел Барселона можеше да стигне до 2:2, но прво Левандовски промаши пенал (го утна целиот гол), а потоа голманот на Севилја го одбрани зицерот на Рони Бардачи.
Во 90 минута Севилја даде гол за 3:1 преку Кармона, а во 90+6 минута Адамс стави точна на голеадата и победата на Севилја од 4:1 против фаворизираниот ривал.