Севилја дојде на бод од Реал и Барса, и таа вечерва чека грешка на Атлетико

Севилја продолжи да реди победи и да држи приклучок кон водечките три тима на табелата. Овојпат жртва на Севилја беше Гранада, која ја победија со 2-1 со првиот лигашки гол на Иван Ракитиќ на „Санчес Писхуан“ по враќањето во клубот и на Лукас Окампос, кој конечно погоди и од игра, откако претходните четири погодоци му беа од белата точка.

По оваа победа, Севилја е само на еден бод зад Реал Мадрид и Барселона, со тоа што Барса има и еден меч помалку. Гранада е тим против кој се изведени најмногу (12) пенали сезонава во Шпанија, но само половината од нив беа голови.

- Оглас -

Најнови вести