Севилја е поим за Лигата на Европа, Славија нема шанси против рекордерот

Натпреварите во Лигата на Европа секогаш го збогатуваат четврток како ден што стандардно е посветен за обложување на дуелите од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

И денеска има интересни мечеви, први во осминафиналната нокаут-рунда, а ние одбравме пет предлог типови од Лигата на Европа.

 

Севилја – Славија Прага (18.55 часот)

Екипата од Андалузија е поим за второто по вредност европско клупско натпреварување и е рекордер со пет титули во Лигата на Европа. Секако, сакаат и шеста ѕвездичка, бидејќи со пехарот оди и поканата за настап во Лигата на шампионите.

Славија е еден од најстарите клубови во Европа и има значајна традиција и реноме. Ќе го имаат и десеттиот обид во последните 15-тина години да го минат осминафиналето, откако за последен пат тоа им успеа во сезоната 2002/03 во тогашниот Куп на УЕФА.

Двете екипи беа заедно во фазата по групи во Лигата на Европа во сезоната 2007/08 и Севилја лесно ги доби двата меча, во Прага со 3-0 и на „Санчес Писхуан“ со 4-2.

И сега Севилја е апсолутен фаворит за пласман во четвртфиналето, а тоа ќе го потврди вечерва на свој терен.

Предлог тип: T11+I&1+II (2.20) Квота на денот

 

Ајнтрахт – Интер (18.55 часот)

Германско-италијанските фудбалски пресметки секогаш носат посебен интензитет и имаат посебен шарм, а сега ќе бидат зачинети и со доста балкански мирудии.

И двете екипи имаат по неколку фудбалери од нашите простори, а сезонава блеска младиот српски напаѓач на Ајнтрахт, Лука Јовиќ. Веќе постигна шест голови во Лигата на Европа, а со Анте Ребиќ и со Филип Костиќ ќе ѝ задаваат многу мака на одбраната на Интер.

„Нераѕурите“ ги имаат Перишиќ, Брозовиќ, Хандановиќ, па ако се додаде и Гачиновиќ од Ајнтрахт, јасно е дека големо влијание ќе имаат балканците на исходот на дерби-двомечот за пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа.

Ајнтрахт има млад, полетен тим, кој игра суперофанзивно и има шанса да го победи италијанскиот гигант на свој терен.

Предлог тип: 1&ГГ (4.65)

 

Челзи – Динамо Киев (21 часот)

Англискиот премиерлигаш е фаворит, иако Маурицио Сари се жали на премногу настапи сезонава. Челзи и Динамо Киев имаат два меѓусебни дуела, но во фаза по групи во Лигата на шампионите и лондончани беа поуспешни. Победија дома со 2-1, а ремизираа без голови во Киев.

Динамо по долг период има нова стратегија и повеќе се потпира на домашни таленти, па има многу помалку странци од минатите години. Сезонава блеска Циганков, 21-годишниот екстра талент на Динамо, а веќе има постигнато два гола, комбинирано со 4 асистенции во Лигата на Европа. Динамо е незгоден противник, но Челзи е фаворит според квалитетот, парите, моќта и сè освен победа на „Стемфорд бриџ, би било првокласна сензација.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.30) Квота на денот

 

Наполи – Салцбург (21 часот)

Салцбург повторно има амбиции за долг престој во Европа, откако лани со гол во последните моменти беше елиминиран од Марсеј во полуфиналето на Лигата на Европа.

Малку и немаа среќа со ждрепката, бидејќи Наполи е тежок ривал за нив. Двете екипи немаат играно меѓу себе, но италијанските екипи немаат премногу проблеми со Австријците.

Салцбург е одличен проект, на долги патеки се промовираат екстра таленти, но Наполи е премногу искусна и квалитетна екипа за да пропушти шанса да игра во четвртфиналето и е фаворит.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.05)

 

Валенсија – Краснодар (21 часот)

Валенсија влезе во форма во вистински период и нема пораз на последните 11 меча во сите натпреварувања. Во низата беа дури и подобри од Барселона на „Камп ноу“, иако не победија, а триумфално го минаа и тешкото гостување на „Селтик парк“ со победа од 2-0 против шкотскиот првак. Со ист резултат во минатото коло од Ла Лига го победија и Атлетик и во одлично расположение го чекаат двомечот со Краснодар.

Краснодар веќе приреди едно големо изненадување со елиминацијата на Баер Леверкузен, а клучно за нив е како ќе минат вечерва на жешката „Месталја“. Навивачите на Валенсија се познати по пеколната атмосфера што знаат да ја направат на легендарниот стадион, а Родриго и соиграчите добиваат дополнителен импулс.

Краснодар има солиден состав, Олег Фоменко одлично ги води од клупата, но Валенсија е во опасен налет и има сè што е потребно за триумф против рускиот состав.

Предлог тип: 1&0-3 (2.02)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести