Севилја со убедливи 3-0 и три бода се враќа од гостувањето кај Хетафе, а победата вреди за скок на третото место на табелата во шпанското првенство. Избраниците на Хулен Лопетеги ја направија битката уште понеизвесна за останатите две места преку кои се обезбедува пласман во Лигата на шампионите.
Најавата за нокаут на Хетафе ја имаше Окампос пред паузата, за во вториот дел Фернандо и Кунде да ги решат сите дилеми до 75-тата минута.
Севилја е сега трета со 43 бода, еден повеќе од Хетафе, односно три бода повеќе од Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.
https://twitter.com/eliasmunozcoro/status/1231647311870275585
https://twitter.com/eliasmunozcoro/status/1231654233419780096
https://twitter.com/goallinehere/status/1231659675428491265