Севилја и Атлетико не знаат поинаку

Севилја и Атлетико Мадрид во минатата сезона двата меѓусебни дуели ги завршија со резултат 1-1, а таа традиција ја продолжија и вечерва. После ова реми, двата тима имаат по 21 бод, и се на позиции на табелата кои водат во Лигата на шампионите.

Севилја има добиено само од последните 17 меча против Атлетико во првенството. Атлетико е клуб со најмногу нереализирани пенали (137 утки од 461 изведен) во историјата на Ла Лига.

Алваро Мората за првпат после 2017 година, има серија од четири натпревари по ред на кои дава гол. Диего Коста го утна својот четврти пенал во шпанската лига, од 12 изведени. За Атлетико, ова е дури петто реми во последните шест меча.

Диего Симеоне стана петтиот тренер во историјата на шпанската лига кој еден ист клуб го водел на водел 300 натпревари. Со ваква бројка, тој се изедначи со Јохан Кројф (Барселона), а пред него се само Мигел Муњоз (Реал Мадрид), Луис Арагонес (Атлетико Мадрид) и Џон Тошак (Реал Сосиедад).

Голманот Вацлик има два одбранети пенали, а му шутнаа седум удари од белата точка. Ветеранот Хезус Навас го одигра својот 355-ти лигашки меч во дресот на Севилја, и тој е рекордер во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести