Севилја и Барселона даваа голови, се тепаа, а на крајот немаше победник (Видео)

Интересно беше дербито на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ во Севилја, а на крајот двата тима освоија по еден бод. Ремито меѓу Севилја и Барселона најмногу му одговара на Реал Мадрид, кој е лидер во Примера дивисион затоа што Севилја загуби два бода во потерата за титулата, а каталонскиот гигант само со еден освоен бод, останува далеку зад најголемиот ривал.

Папу Гомес во 32-рата минута ги израдува домашните навивачи погодувајќи за 1:0 за Севилја.

Радоста на домаќините кратко траеше затоа што Арухо со глава погоди за 1:1 во 45-тата минута.

Во второто полувреме најинтересниот момент не беше баш спортски. Во 64-тата минута, Алба го испровоцира Кунде, а овој со топка го удри фудбалерот на Барселона, па се случи мешаница. Фудбалерот на Севилја доби црвен картон и домаќините во последните 30-тина минути играа со играч помалку.

https://twitter.com/i/status/1473412216212930567

Барселона не ја искористи играчката предност за да даде втор погодок, па на крајот резултатот остана 1:1.

- Оглас -

Најнови вести