Севилја и Осасуна во меѓусебната пресметка на „Рамон Санчез Пижуан“ одиграа 1-1 и поделија по еден бод. И двете екипи веројатно посакуваа повеќе, но на крајот мораа да се задоволат со реми.
Анре Будимир донесе водство за Осасуна во 69-та минута, а само четири минути подоцна израмни Доди Лукебакио.
По ова реми, Осасуна се наоѓа на седмата позиција со 23 бода, додека Севилја се наоѓа на 11-то место со 19 бода.