Севилја и Селта се разиграа пред да заспијат гледачите на „Санчес Писхуан“ (видео)

Севилја и Селта Виго ги поделија бодовите во првиот меч од третото коло во шпанска Ла Лига. Дуелот на „Рамон Санчес Писхуан“ заврши со конечни 1-1, а погодоците се постигнаа во моменти кога се чинеше дека и двете екипи немаат идеја како да ги тресат мрежите.

Публиката дремеше до 80-тата минута, а при еден прекин на домаќините, Франко Васкес се запиша во листата на стрелци за радост во Андалузија. Селта до тогаш немаше удар во рамките на голот од Вацлик, а во 84-тата минута Денис Суарес, ексиграчот на Севилја ја круниса со гол одлична акција на гостинските фудбалери за конечни 1-1.

Севилја по две победи во низа, со ова реми останува на чело на табелата барем до утре, со вкупно седум бода. Селта по три меча има по еден триумгф, реми и пораз.

https://www.dailymotion.com/video/x7ixpoi

 

https://www.dailymotion.com/video/x7ixqeo

- Оглас -

Најнови вести