Севилја ја совлада Жирона со 2:0, и се изедначи по бројот на бодови со Барселона (еден меч помалку) и Атлетико Мадрид. Севилја сега има низа од седум натпревари по ред без пораз во шпанската лига.
Откако во првото полувреме гостите од Каталонија ја зачуваа мрежата, во 55 и 64 минута домашните погодија двапати, најпрвин преку Евер Банега од пенал, а потоа во листата на стрелци се запиша и Пабло Сарабија.
Сарабија заедно со Јаго Аспас од Селта се најефикасните Шпанци во лигата сезонава. Сарабија има по шест гола и асистенции сезонава.
Жирона после шест гостувања по ред без пораз, сега има два порази едноподруго. Жирона нема среќа кога станува збор и за пеналите. Тоа е тим против кој се досудени најмногу пенали сезонава (6). Откако е прволигаш, против Жирона се досусдени 11 пенали, и од нив, 10 биле претворени во гол.
Пред почетокот на средбата, на чешкиот голман Томаш Вацлик кој го брани голот на Севилја, му беше доделена наградата за МВП на шпанската Ла Лига за месец ноември. Вацлик и денеска не прими гол.