Најжешка клупа во Европа, Севилја избрка и четврти тренер за само 14 месеци!

Катастрофалните резултати на Севилја во шпанската лига, и испаѓањето од европските купови, се причина за одлуката за разрешување на тренерот Диего Алонсо.

Севилја доцна попладнево загуби дома од Хетафе со 0-3, и моментно е дури 16-та на табелата во шпанската лига со само 13 бода во 13 кола. А, тоа е тим кој до пред некој играше во групната фаза во Лигата на шампионите, но испаднаа и од таму, не се пласираа ни во нивната омилена Лига Европа.

Под водство на Алонсо, Севилја немаше ниту една победа на 12 меча. Неговиот наследник ќе биде петти тренер на Севилја од почетокот на минатата сезона наваму. Од октомври 2022 наваму, откази во Севилја добиваа тренерите Лопетеги, Сампаоли, Мендилибар и Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести