Севилја беше подобра од Бетис со 3-2 во градското дерби и се искачи на четврта позиција, надминувајќи го Хетафе кој има и еден меч помалку. Мунир Ел Хадади, Сарабија и Васкес, беа стрелците за Севилја, која водеше со 3-1, пред „зелено-белите“ преку Телјо од слободен удар да внесат неизвесност во последните десетина минути.
Бетис се обидуваше за првпат по 1994/1995 да ги добие двете пресметки во иста сезона против Севилја, но не успеа. Бетис првпат е поразен од Севилја откако на клупата им е Кике Сетиен.