Севилја направи пресврт и успеа да ја прекине мини-серијата од два порази со триумф против Реал Сосиедад од 3:2 во последниот меч од седмото коло во Ла Лига.
Микел Ојарзабал им донесе предност на гостите од Сан Себастијан во раната фаза, со гол во четвртата минута. Потоа се разиграа домаќините и со головите на Нолито, Окампос и Васкес поведоа со 3:1.
Реал Сосиедад успеа да намали со погодокот на Порту во 87-мата минута, но не успеа да освои барем еден бод. Двете екипи сега се во друштво на Барселона со по 13 бодови од четвртата до шестата позиција на табелата.