1701 Олимпик Марсеј – Стразбур (21 ч.)
Двете екипи се полни со самодоверба. Олимпик е во добра низа и има четири победи и две нерешени во последните шест кола во домашното првенство, но тоа важи и за гостите, кои наредија три победи и едно реми.
На последните три меѓусебни дуели било гол-гол ситуација, а дури на девет од последните 10 средби на овие два тима имало барем два погодоци. По резултатите, Марсеј доминира и 18 натпревари нема пораз од овој ривал (девет победи и девет нерешени), па јасно е и сега кој е фаворит за освојување на бодовите.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.72)
1801 Баерн Минхен – Хофенхајм (20:30 ч.)
Актуелниот германски првак знае дека не смее да губи бодови на свој терен, но Хофенхајм сезонава игра одлично на гости и е со биланс од пет победи, едно реми и два порази.
Хофенхајм негува офанзивен фудбал, но затоа страда во одбраната, па во 16 кола е со гол-разлика од 32 дадени и 30 примени гола, што е просек од речиси четири погодоци на меч.
Предлог тип: ГГ4+ (2.15)
1301 Севилја – Алавес (21 ч.)
Ова е сезона за заборав за Севилја. Тимот кој е освојувач на Лигата на Европа, веќе испадна од европските купови, а во првенството е на очајното 16-то место само со 16 бодови од 19 меча.
Алавес е ривал по мерка, иако во есенскиот дел од сезоната токму Алавес славеше со 4:3 над Севилја. За домаќините ова е дуел кој треба да го добијат и да тргнат во една многу посигурна зона на табелата.
Предлог тип: 1 (2.03)
1630 РКЦ Валвијк – Хераклес (20 ч.)
Два тима кои ќе се борат да не испаднат од елитното друштво во Холандија. Валвијк го има вториот најслаб напад, а Хералкес е со втората најслаба одбрана.
Традицијата вели дека на последните 10 меча на овие ривали секогаш имало победник (Хераклес се радувал шестпати, а РКЦ има четири триумфи), но можно е овојпат традицијата да биде и прекината, а сигурно е дека ќе има погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.83)
1311 Еибар – Расинг Сантандер (20:30 ч.)
Влез во Примера дивисион им е сонот на овие два тима од втората шпанска лига. Еибар дома има само еден пораз во 10 средби, а Сантандер е прилично неуверлив гостин.
Во Шпанија се негува атрактивен фудбал и ова треба да е дуел со погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)