Севилја не простува елиминација од аутсајдер – „Шут-карта“ за Мачин

Пабло Мачин доби отказ од Севилја еден ден по елиминацијата од Лигата на Европа од страна на Славија Прага. До крајот на сезоната, функцијата прв тренер му е доделена на неодамнешниот спортски директор на клубот Хоакин Капарос. Капарос по третпат ќе застане на клупата на андалузискиот тим.

Петкратниот освојувач на второто по квалитет европско клупско натпреварување вчера беше шокиран од чешкиот клуб откако во продолженија загуби со 4-3, и тоа со гол примен во 119-та минута, иако на стартот од дополнителните 30 минути поведоа со голот на Васкес.

За раководството на клубот, оваа елиминација од аутсајдер значи срам, а дополнителен притисок вршеа и слабите резултати во Ла Лига. Севилја во последните 11 првенствени меча забележа само две победи, учинок кој ги доведе до шестата позиција на табелата, со пет бода заостанување од местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести