Севилја одлично се држи, рутински ја победија Гранада

Севилја брзо ги разреши сите дилеми околу победникот на мечот со Гранада и со головите на Де Јонг и на Нолито во првото полувреме победи со 2:0.

Де Јонг, кој беше критикуван дека тепко дава голови во новиот клуб, беше прецизен во 11. минута и го постигна четвртиот гол за Севилја, а Нолито со погодок во 34. минута им донесе голема предност на домаќините.

Гранада се обиде да се спротивстави, имаше две ситуации за пенал за гостите, но по прегледување со помош на ВАР системот главниот судија Ернандес одлучи да не досуди удари од белата точка.

Севилја по оваа победа е на третото место со 38 бода, пет помалку од Реал Мадрид и од Барселона. Гранада е на 12. позиција со 27 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести