Севилја првпат по 22 месеци нареди три порази во Ла Лига

Севилја веќе четири лигашки меча е без триумф, а по гостувањето на „Сан Мамес“ го претрпе третиот пораз во низа со кочените 2-1 против Атлетик Билбао.

Баскискиот состав со пресврт за само 10 минути успеа да ја разочара Севилја која влезе во катастрофална серија и оствари негативен учинок. Првпат по 22 месеци, или од почетокот на 2019 година, Севилја загуби три меча по ред во Ла Лига, па сега екипата на Хулен Лопегети се наоѓа во долниот дел на табелата по шест меча со само седум бода.

Ен Несири им донесе предност на гостите уште во деветтата минута, но тој труд пропадна во вода откако Мунијаин и Сансе од 76-тата до 86-тата минута на двапати погодија за победа на Билбао.

- Оглас -

Најнови вести