Селта води против Севилја со 3-2 и тоа само по едно одиграно полувреме во меч од шпанската лига. На гостите победата им треба за да се вмешаат во битка за титулата. Ако триумфираат, би дошле само на шест бода зад лидерот Атлетико Мадрид, но одбраната на Севилја вечерва на „Балаидос“ е разбиена како ретко кога.
Севилја за првпат сезонава прими три гола на првенствен меч, па двата кои ги постигнаа за 1-0 и 2-2, засега не им носат ништо позитивно. Јаго Аспас даде два гола за 182 секунди и тој е човекот кој е кобен за гостите од Андалузија. Сега Аспас во кариерата има 11 гола против Севилја и тоа му е омилена жртва во лигата, а тој стана и прв играч сезонава кој на еден меч дал два гола против Севилја.