Монако најави, а потоа и ја плати отштетата од 40 милиони евра за да го ангажира Висам Бен Једер од Севилја. Првиот стрелец на Андалужаните се враќа во родната земја и ќе игра за повеќекратниот француски првак.
„Ти благодариме Висам“, објави Севилја, а добредојде на Бен Једер му поаскаа од неговиот нов клуб.
Лани 28-годишниот напаѓач со корени од Тунис беше прв стрелец на Севилја и шести вкупно во Ла Лига со 18 голови и имаше одлични 9 асистенции.
Приказната на Бен Једер е многу интересна, а тој е единствениот во историјата на францускиот фудбал што играл за националната селекција и во футсал и во голем фудбал.
Висам има два меча за футсал-селекцијата на „триколорите“ и 4 настапи за репрезентацијата А на актуелниот светски првак во таканаречениот голем фудбал.