Севилја уште чека на прва победа дома, ѝ гостува еден од омилените ривали

1618 Севилја – Валенсија (19 ч.)

Севилја го има еден од најлошите стартови на сезоната во последните неколку години, па по девет меча, има само две победи и девет бода. Во четири меча дома Севилја нема ниту една победа, па тоа е дополнителен мотив за вечерва да ги израдуваат домашните фанови.

Валенсија е еден од омилените ривали на Севилја затоа што тимот од Андалузија има пет победи и едно реми во последните шест средби против Лилјаците.

Предлог тип: 1 (2.47) – квота од Супер тип

 

1001 Брајтон – Нотингам форест (20:30 ч.)

Брајтон одлично ја почна сезоната, но во последните три меча освои само еден бод. Нотингам како повратник во Премиер лигата пред почетокот на сезоната доведе над 20-мина нови играчи, но тие уште не се сплотени во екипа, па не е чудно што се последни на табелата само со пет бода од 10 меча.

Нотингам во просек прима речиси по три гола на гости, што треба да биде адут за Брајтон.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

1658 Генк – Вестерло (20:45 ч.)

Генк игра одлично и со 10 победи и едно реми во 12 меча е лидер во белгиското првенство. Вестерло е тимот со најслаба одбрана од првопласираните 11 екипи на табелата, а факт е дека Генк го има најдобриот напад (27 дадени гола).

Вестерло по неколку години се враќа во елитата и во последните пет меча има четири победи и реми, што е показател за нивна одлична форма.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.87)

 

1014 ВБА – Бристол (21 ч.)

Вест Бромич албион е тимот кој се специјализираше за нерешени резултати сезонава, па има дури осум ремија во 14 средби. Бристол е екипа која освои 18 бода во 15 кола и е поблиску до зоната за испаѓање отколку за биде при врвот. Бристол кога игра на гости, ретко освојува бодови, па фаворитската улога останува за домаќните.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.77)

 

2854 Хофенхајм – Шалке (20:45 ч.)

Ова е дерби во 16-финалето од Купот на Германија. Интересно е дека само пред три дена овие два тима играа во Бундеслигата и Хофенхајм на гости во Гелзенкирхен победи убедливо со 3:0.

Ако успеаја лесно да слават на гости против овој ривал, сега на домашен терен Хофенхајм е голем фаворит за нов триумф.

Предлог тип: 1&3+ (1.99)

 

- Оглас -

Најнови вести