Севиља влезе во друштво на Реал, Барса, Милан, Ливерпул и Баерн Минхен

Со освоениот трофеј во финалето од Лигата на Европа на „Пушкаш аренатс“, Севиља влезе во елитно друштво на најтрофејни клубови во Европа на сите времиња.

За Севиља ова е седми трофеј во Лигата на Европа и сите се освоени во последните 18 години. Со овој успех, шпанскиот тим сега е шести најтрофеен клуб во европските купови.

Лидер во оваа категорија е Кралскиот клуб од Мадрид. Реал Мадрид има дури 16 европски трофеи од натпреварувања под капата на УЕФА. Потоа следува Барселона со 12 трофеи, а сите останати се на едноцифрена бројка на пехари.

Милан има девет трофеи, а со исто толку може да се пофали и Ливерпул. Баерн Минхен има осум европски трофеи, а Севиља сега е веднаш зад најтрофејниот германски клуб дури со седум пехари за тимот од Андалузија.

- Оглас -

Најнови вести