Севилја за 16 милиони евра ја купи шпанската машина за голови што не се докажа во Барселона и Валенсија

Рафа Мир е нов фудбалер на Севилја, откако шпанскиот клуб му плати 16 милиони евра отштета на Вулверхемптон, за 24-годишниот напаѓач.

За Волците, Мир одигра само два меча и потоа трипати беше позајмуван, во Лас Палмас, Нотингем форест и Уеска, секаде по една сезона.

Рафа беше еден од најталентирани играчи во младинските категории на негова возраст, а го нарекуваа машина за голови. Во младинските категории има постигнато над 200 погодоци.

Беше член на познатата младинска Академија на Барселона, „Ла Масија“, каде постигнуваше многу голови, но потоа изненадувачки одлучи да замине во Валенсија на 13-годишна возраст.

Три години беше и во сениорскиот тим на Лилјаците, но најчесто играше за Б тимот, со само два настапи во Ла Лига. Лани ја имаше најдобрата сезона во професионалната кариера и на 56 натпревари за Уеска постигна 22 гола, што му донесе трансфер во Севилја.

- Оглас -

Најнови вести