28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Сезоната може да продолжи, но да нема испаѓање

Понеделник ќе биде „денот Д“ за Премиер лигата. На состанокот кој ќе се одржи со челниците на првенството и претставниците на екипите ќе се разговара на повеќе теми, а проектот „рестарт“ е под закана да пропадне поради бунтот од страна на тимовите кои се борат за опстанок.

До вчера три клуба беа против доигрување на преостанатите 92 натпревари на неутрални терени, а на Астон вила, Брајтон и Ватфорд наводно се приклучија и Борнмут, Вест хем и Норвич.

Единствена опција за нив доколку сезоната мора да се доигра, е да нема испаѓање. Во спротивно тие ќе гласаат против рестарт на шампионатот кој е прекинат од 9 март поради пандемијата со корона-вирусот. Кога ќе дојде време за гласање, најмалку 14 гласови се потребни за да се добие зелено светло за рестарт на англиското првенство во кое останаа да се доиграат девет кола.

- Оглас -

Најнови вести