Директорот на Радио Раи, Андреа Вианело предизвика големи реакции со неговиот коментар дека првенството во Серија А оваа сезона е нерегуларно. Според Вианело, низ текот на целата сезона има голем број на судиски грешки и дека на Милан му „исчезнале“ дури пет бодови.
Според првиот човек на Радио Раи, последната судиска грешка е на дуелот Милан – Удинезе, кој заврши 1:1 на „Сан Сиро“. На тој меч, Удинезе даде гол за 1:1, а според Вианело, погодокот на гостите требало да биде поништен поради играње со рака.
„Ако тоа беше рака, веќе ништо не е важно. На Милан му исчезнаа пет бодови на „Сан Сиро“. Факт е дека Милан одигра лошо во второто полувреме против Удинезе. Ова првенство е лажирано“, напиша Вианело на својот твитер профил.

