Најголемото англиско дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул е во центарот на вниманието и најголем предизвик за прогнозирање во 34-тото коло на Спортска прогноза. До крајот на сезоната на нашата бесплатна игра останаа само уште три кола.
Со 13 погодени исходи, го освојувате прекрасниот „ајфон 11“, а во минатото коло кога еден прогнозер имаше 12-ка, се виде дека 13-ката и не е невозможно да се освои, само треба малку знаење и среќа. Спорт Манија и Sport Life стандардно веќе трета сезона со Спортска прогноза ги наградуваат и утките. За 11-ка, доделуваме вредносен ваучер од Sport Life од 500 денари, а за 12-ка, ваучер од 1.000 денари.
Според процентите на прогнозерите кои веќе се изјаснија, околу 42 проценти сметаат дека Јунајтед ќе го добие дербито, нешто над е3дна четвртина се за победа на Ливерпул, додека околу една третина типуваат дека ќе биде нерешено. Главни фаворити на прогносерите се Верона против Специја, Реал Сосиедад против Уеска, Евертон против Астон Вила, Арсенал против Њукасл, Монпелје против Сент Етјен, и Рома против Сампдорија.
Последен меч од основната понуда е дербито од француската лига помеѓу Монако и Лион. Задолжително е типувањето и на резервните парови кои се пресметуваат во генералниот пласман. Трката за шампионската круна во Генералниот пласман е супер интересна. Води Перо К. со три бода предност пред Тони К. и Зоран Н. Најдобриот прогнозер во третата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди ќе има за најдобрата петорка, и тоа многу поени од СЛ маркетот на Sport Life.