Сезоната за италијанскиот репрезентативец заврши поради обвиненијата за расизам?

Скандалот со обвинувањата за расизам на Франческо Ачерби се топ-тема во италијанската фудбалска јавност. Фудбалерот беше отстранет од собирот на репрезентацијата, а Лучано Спалети на негово место го повика Џанлука Манчини од Рома.

Ачерби е привремено суспендиран откако фудбалерот на Наполи, Хуан Хесус, го обвини дека расистички го навредувал за време на натпреварот помеѓу идниот и поранешниот шампион на Италија. Дуелот помеѓу Интер и Наполи заврши нерешено, 1-1, а токму Бразилецот Хесус беше стрелец на израмнувачкиот погодок за сè уште актуелниот шампион на Италија.

Фудбалерот на Интер негира дека сторил такво нешто, па дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија одлучи двајцата одвоено да ги сослуша пред да донесе одлука. Доколку се докаже дека Ачерби навистина навредувал на расна основа, тогаш му се заканува суспензија од 10 натпревари, а тоа би значело дека оваа сезона за него ќе биде завршена.

- Оглас -

Најнови вести