Сезоната за Мбапе станува ноќна мора: Синоќа дозна многу лоша вест

Во најголем дел од европските првенства се игра финишот, а некои работи и математички се јасни. Од синоќа, веќе се знае дека борбата за опстанок во француската Втора лига е намалена за едно име.

Екипата на Каен, во 31 коло на свој терен загуби со 0:3 од Мартигес и на три кола до крајот и математички испадна од лига. Тоа значи дека Каен следната сезона ќе биде дел од Национал лигата, натпреварување кое е трето по ранг во Франција.

Каен досега освои само 21 поени и е на последното место на табелата и сега има 10 бодови помалку токму од тимот на Мартигес, кој е на 16-тото место, позиција која води во доигрувањето.

Оваа вест за испаѓање на Каен е лоша за Килијан Мбапе, затоа што францускиот фудбалер минатото лето купи дури 80 отсто од акциите на клубот кој сега не успеа да обезбеди опстанок во Втора лига и испадна во Национал лигата.

Со доаѓањето на Мбапе како сопственик на клубот, навивачите се понадеваа дека екипата ќе добие стабилост, но наместо тоа, Каен од следната сезона ќе игра во понизок ранг.

 

- Оглас -

Најнови вести