9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Сезоната за Тер Штеген заврши само по два меча за новата екипа

Марк-Андре тер Штеген зимава ја замени Барселона со Жирона и требаше да биде големо засилување во борбата за опстанок, но се повреди на вториот меч за новата екипа.

Германецот се повреди против Овиедо, а во петок ќе му биде извршена оперирација. Докторите се оптимисти дека отсуството нема да биде долго, но шпанските медиуми пренесуваат дека Тер Штеген ќе го нема помеѓу стативите во наредните четири месеци и практично оваа сезона е завршена за него.

Голманот беше позајмен од Барселона, каде што го изгуби статусот на прв голман и беше во потрага по минутажа која ќе му гарантира место во репрезентацијата на Германија за Светското првенство налето, но сега практично и тој сон се урна за него и ќе мора да се посвети на рехабилитацијата.

- Оглас -

Најнови вести