Сезонава им судеше на Ливерпул и Манчестер сити, а сега е уапсен во друштво со Тијана Ајфон (Видео)

Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ, кој сезонава трипати ја делеше правдата во мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите, е приведен во Бјелина, Босна и Херцеговина. Винчиќ бил еден од мажите кои требало да ги користат сексуалните услуги на познатата старлета Тијана Ајфон и нејзините три пријателки.

 

View this post on Instagram

 

Taj dan, moj novi zivot 💪🏽❤️ 06.05🙏🏽 @beautystudiococoti

A post shared by Tijana Maksimovic (@ticamaksimovic) on

Сепак, забавата во куќата била прекината од страна на Полициската управа на Бјелина, која во соработка со Министерството за внатрешни работи и оделот за тежок криминал успеале да разбијат добро организирана банда. Во акцијата биле уапсени 16 луѓе под сомнение дека припаѓаат на меѓународна криминална банда.

Во викендицата имало 26 мажи и девет жени, а било пронајдено и дрога и оружје.

„Во претресот на викендичката, освен луксузните возила кои ги користеле осомничените, пронајдено е и одземено 14 пакетчиња со 46 грама хероин, медицинска дрога, 10 пиштоли, три панцири, поголема сума пари, телефони, лаптоп-компјутери…“, стои во соопштението на Полициската управа на Бјелина.

Судијата Винчиќ, кој сезонава во ЛШ ја делеше правдата на дуелите Манчестер сити – Шахтар (1:1), Генк – Ливерпул (1:4) и Бриж – Галатасарај (0:0), не бил дел од бандата, туку само како гостин кој требало да ги користи сексуалните услуги на познатите дами.

 

- Оглас -

Најнови вести