Драстично расте процентот на фудбалски мечеви кои траат по 100 или повеќе минути, а во 20-те најсилни европски лиги процентот се зголемил за двапати во првите кола сезонава во споредба со минатата, покажува едно истражување.
Во минатата сезона, од топ 20-те лиги во Европа, само во турската Суперлига се играа мечеви кои во просек траеја над 100 минути.
Судиите низ целиот свет ја следат директивата за поточно пресметување на активното време и при секоја загуба на време со разноразни прекини, славење на голови или измени, го стопираат својот часовник.
ФИФА бараше од судиите на Светското првенство во Катар да го применат ова и прецизно да го компензираат загубеното време, а сега и националните фудбалски федерации го следат примерот.
Од друга страна, шефот на одделот за развој на фудбалот на УЕФА, Звонимир Бобан, рече дека новата директива е апсурдна и дека нема да се применува во мечевите од Лигата на шампионите, но и во квалификациите за ЛШ просекот беше 10 дополнителни минути за двете полувремиња заедно.