Сезонава не одигра ниту една минута, но потпиша за Јувентус и ќе биде единствено засилување за Старата дама оваа зима

Италијанскиот гигант Јувентус го комплетира трансферот на првото и единствено засилување во овој преоден рок, Тијаго Џало. Португалскиот фудалер доаѓа од тимот на Лил, а трансферот е вреден 3,6 милиони евра.

Џало ги помина лекарските прегледи, што беше важен дел, затоа што тој нема играно од март 2023 година. Речиси една година мораше да одмора поради повредата на вкрстените лигаменти.

Централниот дефанзивец има 23 години и од 2019 беше во тимот на Лил. Има и осум настапи за младинската репрезентација на Португалија, но уште нема дебитирано за сениорскиот национален тим.

Со Јувентус потпиша договор до 2026 година, со можност за продолжување уште на две сезони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juventus (@juventus)

Челниците на Јувентус уште пред неколку дена најавија дека не планираат да доведуваат ниту еден друг фудбалер во овој преоден рок. Јувентус моментално е лидер на табелата во Серија А со 52 бодови, еден бод повеќе од вториот Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести