Српскиот кошаркарски гигант Црвена ѕвезда се наоѓа пред можна смена на тренерот, по серијата лоши резултати на почетокот на сезоната. Според неофицијални информации, грчкиот стратег Јоанис Сферопулос ќе биде отпуштен.
Во првото коло од AБA-лигата, Црвена ѕвезда загуби од Задар со 85-79, што беше трет пораз по ред за тимот. Играта на Црвено-белите, како што јавуваат медиумите, не изгледа убедливо и не ги исполнува високите очекувања на клубот.
Како најверојатен наследник се спомнува Саша Обрадовиќ, поранешен играч и тренер на клубот. Обрадовиќ имаше последен ангажман во Монако, а претходно ја водеше и Црвена ѕвезда со значајни резултати.
Во својата тренерска кариера, Обрадовиќ исто така водел клубови како Келн, Киев, Туров, Доњецк, Алба Берлин, Локомотив Кубан и Монако.
Како играч, тој го носеше дресот на Црвена ѕвезда, а настапувал и за Лимож, Алба Берлин, Виртус Рома, Будуќност и за Келн.