Шабанаџовиќ: Ѕвезда од 1991 беше поскапа од денешниот ПСЖ

Членот на златната генерација на Црвена ѕвезда која во 1991 година стана европски првак, Босанецот Рефик Шабанаџовиќ, смета дека тогашниот тим на белградскиот клуб бил поскап и посилен од актуелниот состав на Пари Сен Жермен. Ѕвезда му гостува на ПСЖ во Лигата на шампионите и парижаните се апсолутни фаворити

„Вистина е дека сопствениците на ПСЖ трошат стотици милиони евра, па и милијарди, но денешните вредности на фудбалерите отидоа над сите граници. Ги имаат Мбапе, Кавани, Нејмар, кои се меѓу најдобрите на светот, но не се комплетен тим каков што беше Ѕвезда од 1991 година. Тогаш на тренинг имавме по 18-19 играчи, не знаеш кој од кого е поквалитетен. Тврдам дека тој тим беше и фудбалски и финансиски посилен и со поголема вредност од сегашниот ПСЖ. Речиси сите од таа генерација и по заминувањето, освојуваа трофеи во најсилните европски лиги“, изјави Шабанаџовиќ, чиј син Анел игра за Железничар, и тоа на истата позиција во средниот ред на која играше и Рефик.

Според Шабанаџовиќ, веќе не е можно на овие простори да се состави екипа во која на едно место би имало фудбалери како Савичевиќ, Просинечки, Михајловиќ, Југовиќ, Панчев итн. Тој мисли дека Ѕвезда требало да биде европски првак и во 1989 година, но маглата во Белград и преиграниот меч со Милан ги спречила.

 

- Оглас -

Најнови вести