Меѓународната шаховска федерација ФИДЕ, соопшти дека исклучила еден играч од турнир во Франција, бидејќи е фатен како користи мобилен телефон додека му трае партијата. Измамникот е летонско-чешкиот велемајстор Игорс Раусис.
Сите докази кои ги собра ФИДЕ, ќе ги испрати во Одборот за етика, и најавуваат одлучна борба против мамењето во шахот. Користењето мобилни е забрането, на многу од големите турнири, шахистите минуваат низ проверка на детектор за метал.
Раусис кој има 58 години, од 1992 година е велемајстор, а настапувал за репрезентациите на Летонија, Бангладеш и Чешка. Тој е најстариот меѓу 100-те најдобро рангирани шахисти на светот.
Не е познато кој ја направил фотографијата која е главен доказ против Раусис, но убаво се гледа како тој во тоалет го користи мобилниот, најверојатно за да побара шаховски варијанти.